Во комшиското дерби Џонсон Мети подобар од Аптив

Џонсон Мети 7-3(2-1) Аптив

Џонсон Мети: Александар Недев 26’ Бојан Дејановски 24’ 39’ Благојче Божиковски 14’ 39’ Бране Стојановски 2’ Љупче Стојановски 35’
Аптив: Хрдаличка Дамјан 30’ Иле Трајковски 4’ Кире Стаматовски 32’

Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Аптив со погодок во втората минута и водство од 1-0. Екипата на Аптив брзо се врато по овој почетен шок па со погодокот на Трајковски во 4та миунта успеа да дојде до израмнување. По овие воведни погодоци натпреварот продолжи во жесток ритам во кој и двете екипи имаа одлични периоди на игра но екипата на Џонсон Мети со одличниот погодок на Божиновски во 14та минута успеа повторно да дојде до предност од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Аптив беше таа која бркаше израмнување но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултатот од 14та минута 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети за кратко време успеа да постигне два погодоци и да се стекне со солидна предност од 4-1. Сепак екипата на Аптив не се откажуваше од овој натпревар па со стрплива игра која ја градеше во текот на полувремето во 32та минута успеа да дојде до гол негатива и да го направи остатоткот на натпреварот супер интересен. Во таквата завршница сепак поуспешна беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 7-3.