Во крајно неизвесен натпревар екипите на Корпа и А1 ги поделија бодовите

Корпа 4-4(1-1) А1

Корпа: Даниел Жерновски 17”, Кирстијан Велковски 22” 38”, Ико Мојсовски 26”,
А1: Ненад Трајков 9”, Оливер Димановски 24”, Фати Јахи 33”, Стефан Петровски 34”,

Натпреварот помеѓу екипите на Корпа и А1 започна со целосен акцент на играта во одбраната и на двете страни. Екипата на А1 преку Трајков во 9” дојде до водство од 0-1. По овој гол следеше офанзива на Корпа но екипата на А1 успеваше со добро поставена одбрана да не дозволи лесни шутеви кон голот. Корпа беше упорна во својте замисли и во 17” преку Жерновски успеа да го израмни резултатот на 1-1. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во второто полувреме и на двете страни се играше израмент натпревар. И двете екипи играјќи брз и отворен фудбал најизменично се менуваа во водството, не давајќи простор ниту една од екипите резултатски да се одвои. Вавката игра се одвиваше се до самиот крај на овој натпревар кога при резултат од 4-4 натпреварот заврши реми.