Уни Банка 6-6(3-3) Џојсон Сејфти Системс
Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ Марко Ташков 13’ Александар Кузинаков 11’ 28’ Ненад Саздовски 10’ 40’
Џојсон Сејфти Системс: Нерди Бајрами 9’ Борче Аргиловски 3’ 16’ 21’ 35’ Бобан Вељановски 26’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Џојсон Сејфти која со погодоци во 3та и 9та минута успеа да дојде до водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Уни Банка започна ќестоко, напаѓачки кон голот на противникот па во период од 10та до 13та минута успеа да постигне три погодоци за целосен резултатски пресврт. По што во 16та минута екипата на Џојсон Сејфти успеа да реализира еден котра напад и со голот на Аргиловски успеа да реализира за 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, на стартот на полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да постигне погодок и да го превземе водството. Следуваше брз одговор на Уни Банка со погодокот на Орозовски за повторно израмнување. Во ваквата игра гол за гол екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше предноста се до последната минута кога екипата на Уни Банка преку еден контра напад со одлична асистенција на Хаџидинев и реалзиија на Саздовски успеа да дојде до реми со резултат од 6-6.