Во натпревар полн голови УНИКА подобри од ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 13-15(6-8) УНИКА

ЈП Дрисла: Дени Стојановски 11’ 24’ Бесник Шакири 3’ 5’ 9’ 20’ 31’ 38’ 39’ Расим Исмани 11’ 23’ 24’ Ридван Демири 24’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 6’ 20’ 23’ 29’ 29’ 35’ Аднан Лимани 1’ 8’ 20’ 31’ Беким Љута 3’12’ 23’ Шабан Чупи 17’ 40’

Динамично прво полувреме прикажаа екипите на ЈП Дрисла и УНИКА, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворен фудбал и офанзивна игра. Прва до предност дојде екипата на УНИКА уште првата минута, а во истата минута екипата на ЈП Дрисла го возврати ударот и израмни на 1-1. Ваквиот почеток на натпреварот навести дека не очекува полувреме полно со голови, екипите се менуваа воводството но ниту една од екипите немаше доволно сили за резултатски да се одвои. До крајот на полувремето двете екипи имаа висока реализација но УНИКА со два погодоци пред финишот на полувремето резутатски се одвои за 6-8 на полувремето. Во второто полувреме екипите продолжија со одличната игра, екипата на ЈП Дрисла во второто полувреме успеа да ја стопи разликата од полувремето и екипите беа повторно резултатски израмнети. Кај ЈП Дрисла во финишот од полувремето почна да се забележува пад во играта што УНИКА вештно го искористи за во висок ритам да го заврши и добие овој натпревар со 13-15.