Во натпревар полн со пресврти ЕЛЕМ поуспешни од ТАВ

ТАВ 2-4(2-3) ЕЛЕМ

ТАВ: Александар Митровски 8’ Мартин Арсовски 7’
ЕЛЕМ: Златко Станковски 5’ 36’ Ванчо Петковски 13’ Јордан Ангеловски 15’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ во 5та минута преку погодокот на Станкоски. Екипата на Водовод имаше брз одговор и во 7та минута успеа да го израмни резултатот а минута подоцна и да направи целосен резултатски пресврт. Ова беше знак за екипата на ЕЛЕМ да притисне кон противничкиот гол и до полувремето тие успеаа повторно да го превземат водството и на паузата да заминат со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Водовод се префрли на противничка половина но подзаборави на својата одбрана што екипата на ЕЛЕМ го искористи за зголемување на водството и конечна победа од 2-4.