Во натпревар полн со пресврти ЈП Водовод и ЕВН ги поделија бодовите

ЈП Водовод 1-0(2-2) ЕВН

ЈП Водовод: Стојанче Ивановски 12’ Арслан Бејта 26’
ЕВН: Вилијам Митев 36’ Наум Бадаловски 22’

Шестото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на ЈП Водовод и ЕВН. Натпреварот започна со цврста одбрана и на двете страни што не му овозможи на противникот да поведе и да дојде до до отворени шутеви за гол. Екипата на Водовод во ваквата затворена игра успеа да дојде до погодок во 12та минута преку Ивановски што беше доволно за да оди на полувремето со пресдност од 1-0. Во второто полувреме ЕВН со голман играч и добра техничко тахтичка игра успеа да фати приклучок на што одговори Водовод и повтороно го превзема водството. Во самиот финиш на натпреварот екипата на ЕВН успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се заврши овој натпревар.