Во неизвесна завршница екипата на ЈСП славеше над Џонсон Мети

ЈСП 5-4(3-1) Џонсон Мети

ЈСП: Гоце Крстевски 2’ Сашо Георгиев 37’ Сабит Хусеини 39’ Владимир Шмичковски 21’ Филип Димовски 8’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 30’ Стефан Јовановски 6’ Роберт Бојаџиев 38’ 40’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Џонсон Мети, екипата на ЈСП го отвори резултатот уште во втората минута од полувремето со погодокот на Крстевски. Екипата на Џонсон Мети притисна кон противничкиот гол и во 6та минута од полувремето дојде до израмнување на 1-1 со погодокот на Јованвоски. Во остатокот од полувремето двете екипи имаа одлични шанси но екипата на ЈСП имаше подобра реализација па дојде до повторно водство од 2-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и со тактички поставен напад кој резултираше со многу прецизни додавања и пронаоѓање на играчот плус кој го правеа во моментот успеа да дојде до 3-1. Екипата на Џонсон Мети со притисок во предно поле преку контра напад дојде до изгледна ситуација која успеа да ја претвори во гол и намали на 3-2 за да овој натпревар влезе во неизвесна завршница. Во ваквата неизвесна завршница екипата на ЈСП успеа да го издржи притисокот кој го наметна екипата на Џонсон Мети и славеше со 5-4.