Во неизвесна завршница Џонсон Мети беше поуспешн од Окта

Џонсон Мети 6-4(3-1) Окта

Џонсон Мети: Александар Недев 18’ Бојан Дејановски 6’ 23’ 38’ Благојче Божиновски 40’ Христијан Стојановски 13’
Окта: Драганче Стојановски 29’ Драганчо Ѓорѓиевски 29’ Наум Костовски 7’ 35’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Окта, прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети со погодок во 6та минута и водство од 1-0. Следуваше брз одговор на екипата на Окта со погодок во 7та минута за израмнување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети имаше повеќе од играта па на полувреме замина со заслужена предност од 3-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-1, сепак екипата на Окта продолжи со агресивна игра па успеа во 35та минута да дојде до израмнување и да ја направи завршницата неизвесна. Во ваквата завршниза успешна беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој дуел со 6-4.