Во отворен фудбал С.Ц. Борис Трајковски подобри од ЈП Дрисла

С.Ц. Борис Трајковски 12-8(5-3) ЈП Дрисла

С.Ц. Борис Трајковски: Јован Димовски 15’ 17’ 32’ 36’ Дамјан Сиљановски 3’ 12’ 25’ 37’ Мартин Мојсовски 6’ Владимир Мојсовски 22’ Дарко Филиманоски 29’ 35’
ЈП Дрисла: Расим Исмани 9’ 10’ 16’ 38’ Бесник Шакири 22’ 27’ 39’ Радван Демири 27’

Екипата на С.Ц. Борис Трајковски натпреварот против ЈП Дрисла го започна со стандардна формација и игра со голман играч уште на самиот старт. Во текот на целото полувреме се играше отворен фудбал и на двете страни. Борис Трајковски со многу проигрувања и тимска игра успеваше да дојде до отворени шанси за гол кои успеа да ги реализира. Дрисла во своите редови го имаше расположениот Исмани кој со три гола успеа да го затвори првото полувреме кое заврши 5-3 во корист на Борис Трајковски. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра и на двете страни. Се играше динамично играта беше поставена офанзивно од што произлегува головите кои се редеа во низа и на двете страни. С.Ц. Борис Трајковски имаше подобра реализација па на крајот славеше со 12-8