Во пеколен натпревар Шпаркасе Банка и Окта ги поделија бодовите

Шпаркасе Банка 3-3(3-1) Окта

Шпаркасе Банка: Филип Чижбановски 2’ 3’ 10’
Окта: Тино Трајковски 1’ Наум Костовски 27’ Филип Петковски 37’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Шпаркасе Банка и Окта, двете екипи во овој натпревар влегоа максимално мотивирани со голема желба за победа. Екипата на Окта прва го превзема водството во овој натпревар со погодок уште во првата минута од натпреварот со погодокот на Трајковски. По ова рано водство на Окта екипата на Шпаркасе Банка ги консолидира своите редови и со брза контра веќе во следната минута дојде до израмнување на 1-1, а кратко потоа дојде и до целосен резултатски пресврт. Екипата на Шпаркасе Банка до крајот на полувремето ги одбиваше нападите на Окта со одлично поставена одбрана и ја задржи предноста која на полувремето изнесуваше 3-1. Во второто полувреме екипата на Окта со цврста игра во нападот почна да ја топи предноста на Шпаркасе Банка во 27та минута Костовски стрелаше за 3-2 а во финишот од полувремето Пековски и донесе на Окта повторно израмнување од 3-3 кое ја направи завршницата од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница двете екипи иако имаа одлични шанси недостасуваше реализација па екипите ги поделија бодовите.