Во последниот натпревар од регуларниот дел ЈП Дрисла славеше над Интертек

ЈП Дрисла 10-6(6-2) Интертек

ЈП Дрисла: Дени Стојановски 6’ 18’ 20’ 23’ 33’ Расим Исмани 8’ 19’ 20’ 24’ 34’
Интертек: Мартин Лазаревски 7’ 19’ 27’ 39’ Игор Гиноски 27’ 36’

Со натпреварот помеѓу екипите на ЈП Дрисла и Интертек се заврши и пролетниот дел од Бизнис Лигата. Екипата на ЈП Дрисла во првото полувреме преку контра напади успеа да стекне резултатска предност и уште на самиот старт да ја изненади екипата на Интертек, во средината на првото полувреме екипата на Интертек се обиде со голман играч да створи играч плус во нападот што и појде од рака па го намали водството на ЈП Дрисла на 6-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам на двете страни се играше гол за гол, Интертек имаше одлична поврзаност во нападот и со успешна реализација се обидуваше да ја стигне негативата од првото полувреме. ЈП Дрисла со максимална концентрација успеа да ја задржи предноста од првото полувреме па на крајот славеше со 10-6.