Во ферплеј натпревар Лукоил подобри од А1

Лукоил 7-2(4-1) А1

Лукоил: Гоце Мојсовски 33’ Васко Стефанов 19’ Антонио Фенов 16’ 29’ Иван Стојчев 28’ Александар Горгиевски 2’ 17’
А1: Јовица Наумовски 39’ Ненад Богдановиќ 5’ Александар Тановски 21’

Брз и динамичен старт имаше натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа доста мотивирано. Екипата на Лукоил беше таа која го отвори резултатот во 2та минута со погодокот Ѓоргиевски и дојде до водство од 1-0. По ова рано водство на екипата на Лукоил екипата на А1 се префрли на протиничката страна и вршеше константен притисок кон голот на Лукоил што им донесе израмнување во 5та минута. По ова израмнување иницијативата ја превзеде екипата на Лукоил кој со голман играч се обидуваше да створи вишок во нападот, но екипата на А1 одлично ја имаше поставено својата одбрана и не дозволуваше Лукоил лесно да дојде до шанса за погодок. Сепак до крајот на полувремето концентрацијата кај А1 падна па екипата на Лукоил успеа да ги најде пукнатините во одбраната и да обезбеди сигурна предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра и ја имаше контролата на теренот, екипата на А1 се обидуваше да ја намали разликата од првото полувреме но имаше слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил ја имаше контролата врз топката и го заврши овој натпревар со сигурна победа од 7-2.