Во ферплеј натпревар Фабрика Карпош – ГИМ подобра од Пивара Скопје

Пивара Скопје 2-5 (1-3) Фабрика Карпош – ГИМ
Пивара Скопје: Александар Алексов 14’ Бобан Ристов 37’
Фабрика Карпош – ГИМ: Алескандар Валканов 2’ Кристијан Панев 13’ 19’ Гоце игњатовски 26’ Филип Таневски 40’

Екипите на Пивара Скопје и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа пред се ферплеј натпревар кој изобилуваше со атрактивни потези и се она што ја краси фудбалската игра. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Валканов во раната фаза од натпреварот 2’. Во средината на полувремето кај Фабрика Карпош – ГИМ проработе Панев кој со два гола 13’ 19’ го зголеми водството. Кај екипата на Пивара Скопје Алексов 14’ со одличен погодок успеа да го намали водството на 3-1, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во ист ритам. Екипата на Пивара Скопје со голман-играч се обидуваше да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош – ГИМ имаше своја вечер па не дозволи пресврт, па на крајот славеше со 2-5. Мора да напоменеме дека ветеранот Маријан Казаковски одигра натпревар за сите пофалби.