Во цврст натпревар екипата на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ 4-4(3-3) Халк Банка

Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 14’ Игор Николовски 29’ Кире Крстевски 11’ 18’
Халк Банка: Мартин Дамевски 19’ Алпер Тахир 34’ Влатко Блажевски 7’ Самир Вели 3’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка, двете екипи во ова полувреме влегоа со офанзивна игра па од тука и многуте погодоци во првото полувреме. Екипата на Халк Банка го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Вели, а само неколку минути подоцна со погодокот на Блажевски успеаа да дојдат до предност од 0-2. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ги консолидира своите редови и со погодоците на Кртевски и Божиков успеа да дојде до израмнување потоа и до целосен резултатски пресврт. Сепак со полувремето екипата на Халк Банка успеа повторно да израмни за 3-3 на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на раб на фаул, двете екипи во висок ритам на игра се обидуваа да дојдат до предност. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да дојде до повторна предност во 30та минута од полувремето со погодокот на Николовски и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Екипата на Халк Банка со силе притисок кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ константно се закануваше и во завршницата на овој натпревар дојде до резултат од 4-4. До крајот на натпреварот ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот со резултат од 4-4 ги поделија бодовите.