Во цврст натпревар Окта и Аптив одиграа реми

Окта 2-2(1-2) Аптив

Окта: Наум Костовски 3’ Филип Петковски 33’
Аптив: Алескандар Марковски 9’ Иле Трајковски 8’

Цврсто и израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Окта и Аптив, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани да ги освојат бодовите кои може да значат влез или испаѓање од завршниот турнир. Екипата на Окта го отвори резултатот во 3та минута од полувремето со погодокот на Костовски, по ова рано водство на екипата на Окта екипата на Аптив ги консолидира своите редови искористи играч плус по исклучување кај Окта и со погодокот на Трајковски во 8та минута успеаа да го израмнат резултатот. Само неколку минути подоцна екипата на Апти успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот на Марковски. До крајот на полувремето екипата на Окта силно притискаше кон голот на Аптив но не успеа да реализира па на паузата се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со цврста игра во одбраната, а преку брзи контра напади се закануваше кон голот на Аптив што им донесе израмнување во 33та минута со погодокот на Петковски. Екипата на Аптив во завршницата од овој натпревар во своите редови внесе голман играч со цел да направи вишок во нападот но Окта ја сочува својата мрежа за поделба на бодовите со резултат од 2-2.