Времето сојузник на Аптив во дуелот со Џонсон Мети

Аптив 4-3(1-1) Џонсон Мети

Аптив: Александар Марковски 5’ 21’ 26’ Иле Трајковски 33’
Џонсон Мети: Никола Николовски 39’ Стефан Јовановски 1’ Роберт Бојаџиев 22’

Исклучително цврсто полувреме одиграа екипте на Аптив и Џонсон Мети и на двете страни се играше доста цврсто пред се во делот на одбраната. И двете екипи играа пресинг по целиот терен не давајќи отворени шутеви кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети преку Стефановски, само неколку минути подоцна Марковски од екипата на Аптив успеа да израмни на 1-1. Во ваквата цврста игра првото полувреме заврши со израмнет резултат. Во второто полувреме екипата на Аптив го имаше во своите редови расположениот Марковски кој со одлична реализација и два гола во низа успеа да и донесе предност на својата екипа. Екипата на Џонсон Мети се обидуваше да ја анулира оваа предност и да фати резултатски приклучок во што и делумно успеа и дојде на само еден гол негатива. Екипата на Аптив со повеќе нерви во самиот финиш успеа овој натпревар да го добие со резултат од 4-3.