Гранит со голман играч до реми во дуелот со Аптив

Гранит 5-5 (0-2) Аптив

Гранит: Николче Глигуровски 29’ 31’ Дарко Петров 28’ Мартин Фотевски 36’ Димитар Илиевски 27’
Аптив: Александар Марковски 25’ Иле Трајковски 7’ Дамјан Хрдличка 9’ Никола Ќамилов 23’ 26’

Второто коло од пролетниот дел го отворија екипите на Гранит и Аптив. Двете екипи со офанзивна игра и во висок ритам го започнаа ова полувреме, прва успеа да погоди екипата на Аптив и со погодокот на Трајковски во 7та минута поведе со 0-1. Екипата на Аптив имаше шанси во 8та минута од пенал да го зголеми водството но голманот на Гранит одлично ја процени страната. Во остатокот од полувремето екипата на Гранит го подигна темпото на игра и со цврст напад се обидуваше да дојде до нулирање на предноста, но отворената игра ја искористи Аптив за преку брзи контра напади дојде до зголемување на предноста која на полувремето изнесуваше 0-2. На самиот старт на второто полувреме екипата на Аптив продолжи со брзите напади па успеа да дојде до ново зголемување на водството кое до 26та минута изнесуваше високи 0-5. Ова ја примора екипата на Гранит во своите редови да внесе голман играч како би створиле вишок во нападот тактика која се покажа како доста успешна па од минута во минута екипата на Гранит ја топеше предноста на Аптив а во втората половина на второто полувреме успеа да дојде до само еден гол негатива на 4-5, ова ја направи завршницата на овој натрпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Гранит успеа да дојде до израмнување на 5-5 но не и целосен резултатски пресврт па на крајот ги поделија бодовите.