Дамевски со одлична игра и два гола ја водеше Халк Банка до победа над Леар

Дамевски со одлична игра и два гола ја водеше Халк Банка до победа над Леар

Халк Банка 3-1(1-0) Леар

Халк Банка: Мартин Дамевски 1” 37”, Деан Петковски 32”
Леар: Борче Ристевски 37”

Дамески од Халк Банка го отвори натпреварот со Леар, уште на самиот почеток, во првата минута успеа да постигне гол и да му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Леар по овој погодок на Дамевски заигра цврсто во одбраната затварајќи ги сите приоди кон сопствениот гол. Екипата на Халк Банка се обидуваше да најде против игра за ваквата цврста одбрана на Леар но не успеваше па на полувремето замина со водство од 1-0.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со цврста одбрана. Се играше агресивно со целосе акцент на играта во одбраната. Во 32” Петковски постигна гол за 2-0. Во тие моменти екипатана Леар внесе голман играч во својте редови како би можела да се врати во натпреварот, но вечерва расположениот Дамевски преку контра напад му донесе водство на својот тим од 3-0. Во самиот финиш Ристевски кај Леар намали на конечни 3-1.