Дамески со хет-трик ја водеше Халк Банка до победа над Аптив

Халк Банка 6-0(1-0) Аптив

Халк Банка:Мартин Дамески 29’ 39’ 40’ Алпер Тахир 1’ Игор Стојановски 26’ Дејан Петковски 37’

Екипите на Халк Банка и Аптив натпреварот го започнаа со доста цврста одбрана затварајќи ги сите приоди до головите на двете страни. Се играше цврсто на ивица на фаул како не би можело противничката екипа да дојде до изгледна шанса за гол. Екипата на Халк Банка иако постигна гол во првата минута преку Тахир во првото полувреме не играше премногу отворен фудбал како би можел Аптив преку контра напад да ги изненади. Во вака затворен фудбал полувремето заврши со 1-0 за екипата на Халк Банка. Во второто полувреме Халк Банка влезе во нешто поотворен фудбал и со колективна игра прво во 26та минута преку Стојановски па потоа во 29та преку Дамевски успеа да стекне резултатска предност од 3-0. Тоа беше аларм за Аптив да внесе во своите голман играч со цел резултатски да се врати во натпреварот но Халк Банка продолжи да ја игра својата препознатлива игра и да одговори на Аптив со гол во 37та минута кој го постигна Петковски. До крајот на натпреварот кај Халк Банка проработе Дамевски кој го заврши овој натпревар со три гола и ја водеше својата екипа до победа од 6-0.