ЕВН 5-1(2-0) Окта
ЕВН: Дарко Стоилевски 12’ 36’ 39’ Вилијам Митев 39’ Бојан Тодоровски 2’
Окта: Тино Трајковски 27’
Првиот полуфинален дуел кој одлучува за влез во Ф8 фазата го отдиграа екипите на ЕВН и Окта. И двете екипи во овој дуел влегоа максимално мотивирани со крајно сериозен пристап, уште на самиот старт се играше доста цврсто и на двете страни. Секоја од екипите беше водена од идеата дека со победа во овој натрепвар големи се шансите да се освои шампионскиот трофеј. Екипата на ЕВН уште на самиот старт во раната фаза во 2та минута преку Бојан Тодоровски успеа да поведе со 1-0, по овој гол екипата на ЕВН почна да игра нешто по дефанзивно затварајќи ги приодите кон својот гол. Со ваква игра ЕВН ја примора екипата на Окта да нападне како би можела да дојде до израмнување. Окта во текот на целото прво полувреме вршеше притисок во предно поле но по грешка во додавањето екипата на ЕВН преку контра напад кој го реализираше Дарко Стоиловски зголеми на 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Окта остана со играч помалце и кога се чинеше дека ЕВН ќе го реши овој натпревар Окта со играч помалце преку Трајковски постигна гол и намали на 2-1. Но ЕВН во своите редови во своите редови го имаше вечерва расположениот Дарко Стоиловски кој беше прецизен кога беше најтешко и кога се чуствуваше пад во екипата на ЕВН, со овој гол ЕВН отиде на позитива од 3-1. Во самата завршница Окта се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но ЕВН имаше своја вечер не дозволи изненадување и на крајот славеше со 5-1.