Двоецот Дамески – Стојановски со 7 гола и донесоа победа на Халк Банка над ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 2-14(0-8) Халк Банка

ЈП Дрисла: Дени Стојановски 26’ Бесник Шакири 32’
Халк Банка: Мартин Дамески 7’ 16’ 24’ 33’ Алпер Тахир 14’ 40’ Игор Стојановски 1’ 6’ 20’ Влатко Блажевски 18’ 20’ Дејан Петковски 12’ 40’ Горан Трпчевски 30’

Уште на самиот старт од натпреварот помеѓу екипите на ЈП Дрисла и Халк Банка екипата на Халк Банка влезе мотивирано и со офанзивна игра. Ваквата игра на Халк Банка и донесе резултат уште на самиот почеток на полвремето во 7та минута со погодокот на Дамески. Екипата на ЈП Дрисла не успеа да најде против игра за денес расположените Халк Банка кои со долгата клупа и чести ротации го одржуваа високото темпо на игра кое им донесе солидна предност од 0-8 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Халк Банка успеа да го задржи високиот ритам на игра. Екипата на ЈП Дрисла вечерва имаше кратка клупа и практично без играч во ротација не можеше да парира на овој висок ритам. Мора да напоменеме дека покрај колективно добрата игра кај Халк Банка се истакна стандардно маестралниот двоец Дамески- Стојановски кој со 4 и 3 гола беа најефикасни на овој натпревар. Халк Банка имаше своја вечер и стигна до победа на овој натпревар од 14-2.