Димовски со 4 погодоци му донесе победа на ЈСП во дуелот со ЕЛЕМ

ЈСП 5-3(2-1) ЕЛЕМ

ЈСП: Филип Колеќески 22’ Филип Димовски 3’ 20’ 24’ 39’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 21’ Никола Мицевски 36’ Горан Николов 3’

Петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈСП и ЕЛЕМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Ваквата офанзивна игра на ЈСП и донесе водство уште во 3та минута од полувремето, а ЕЛЕМ веќе во следниот напад успеа да дојде до израмнување на 1-1. Двете екипи во ова полувреме прикажаа цврста и сигурна игра со многу додавања, се чекаше на грешка на противникот за да се дојде до поволна позиција за шут. На крајот од полувремето екипата на ЈСП искористи грешка на ЕЛЕМ и преку Димовски успеа да дојде до водство од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ преку погодок на Груевски во почетокот од полувремето дојде до повтроно израмнување на 2-2. Во остатокот од полувремето кај екипата на ЈСП проработе денес одличниот Димовски кој со 2 погодоци во второто полувреме на својата екипа и донесе предност од 2 гола, екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до само гол негатива но немаше сили за нешто повеќе што ЈСП го казни за победа на овој натпревар со 5-3.