Дуото Даилоски-Арслан го водеше Ван Хоол до победа над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 1-6(0-2) Ван Хоол

ЕЛЕМ: Никола Мицевски 38”
Ван Хоол: Пеце Даилоски 14” 26”, Димче Андон 20”, Ведат Арслан 23” 29”, Стефан Станојковиќ 27”

Во брз ритам започна натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Ван Хоол. И двете екипи пристапија мошне мотивирано, играјќи брзи и организирани напади, а истовремено и затварајќи ги приодите кон споствениот гол. Во ваквата игра прва до погодок дојде екипата на Ван Хоол во 14” преку Даилоски. Брзо потоа екипата на Елем повика тајмоут, по што играта во делот на нападот се префрли на половината на Ван Хоол. Иако под по голем притисок, Ван Хоол успешно одбрани неколку контра напади, не дозволувајќи изненадувања. Во завршните секунди од првото полувреме, Андов 20” кај Ван Хоол искористи грешка во одбраната на Елем и постигна погодок за водство на Ван Хоол од 0-2 на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол со голманот Верад Арслан се префрли во предно поле со што успеа да направи притисок врз одбраната на Елем. Во ваквата игра Арслан со два гола му даде ветар во грб на целиот ростер на Ван Хоол. Од минута во минута Ван Хоол успеваше да го зголемува водството. Екипата на Елем со чести измени се обидуваше да пронајде вистински ритам но Ван Хоол потпирајќи се на своето искуство го доби овој натпревар со конечни 2-6.