Дуото Марковски-Стаматовски го водеа Аптив до победа над ЈСП

ЈСП 5-10(0-5) Аптив

ЈСП : Љупчо Павловиќ 30”, Филип Димовски 25”, Васко Мирчевски 27” 33” 37”
Аптив : Александар Маркоски 8” 11” 16” 30” 37”, Дамјан Хрдличка 32”, Марјан Тодоровски 40”, Кире Стаматовски 9” 12” 26”

Последниот натпревар од вечерашниот серијал натпревари го одиграа екипите на ЈСП и Аптив. Екипата на Аптив уште на самиот старт влезе мошне мотивирано со целосен фокус во овој натпревар. Екипата на ЈСП настапи во скратен состав па со ваквиот ростер не можеше да рачуна на помошта од клупата. Екипата на Аптив вешто успеа да го искористи ова па наметна висок ритам и со чести измени влезе во темпо кое екипата на ЈСП неможеше да го прати. Со ваква игра на полувремето Аптив замина со водство од 0-5.
Екипата на ЈСП во второто полувреме се обиде со голман играч да се врати во овој натпревар но Аптив имаше своја вечер, не дозволи да биде дефокусиран и продолжи со одличната игра. Во ваквата поставеност Аптив од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше високи 5-10.