Дуото Марковски-Стаматовски со 8 гола му донесоа победа на Аптив над LC Waikiki

Аптив 12-5(5-2) LC Waikiki

Аптив: Кире Стаматовски 4” 11” 27” 33”, Александар Марковски 10” 20” 37” 40”, Марјан Тодоровски 15” 38”, Дамјан Хрдличка 30”, Владимир Јовановски 40”
LC Waikiki : Фуркан Фетаи 6” 7” 32” 36”, Мустафа Мустафа 25”

Екипата на Аптив во дуелот со LC Waikiki влезе мошне мотивирано. Уште на самиот старт преку колективна игра наметна висок ритам. Екипата на LC Waikiki, играше цврсто во делот на одбранат и со обидуваше преку контра напади да го изненади вечерва расположениот Аптив, но колективната игра и добрата реализација му донеса на Аптив предност од 5-2 на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Аптив продолжи во ист ритам. Од минута во минута го зголемуваше водството. LC Waikiki со чести измени се обидуваше да фати резултатски приклучок, но Аптив имаше своја вечер, не дозволи изненадување и на крајот славеше со конечен резултат 12-5.