Дуото Нухиу-Бајрами со пресврт ја водеше Уника во дуелот со LC Waikiki

УНИКА 8-7(2-6) LC Waikiki

УНИКА: Донард Бајрами 1‘ 35’ 36’ 39’, Арбен Нухиу 20’ 21’ 33’, Беким Љута 38’
LC Waikiki: Муас Салихи 10’ 12’ 18’ 19’, Адмир Алилович 16’, Фурхан Фетаи 17’, Ергин Алими 35’

Исклучително добро прво полувреме одигра екипата на LC Waikiki во дулеот со Уника. Во текот на целото прво полувреме екипата на LC Waikiki доминираше играјќи одлично поставен фудбал. Кај LC Waikiki Салихи со 4 гола го предводече тимот до високо водство кое на крајот од полувремето изнесуваше 2-6.
Во второто полувреме екипата на Уника успеа да ги спорведе техничко-тактичките замисли кои ги постави Арбен Нухију кој направи промена на голот и дотогашниот голман-играч го постави да игра во нападот. Со ваквата поставеност Уника предводена од двоецот Нухиу-Бајрами не само што дојде до израмнување туку и направи целосен пресврт за победа на овој натпревар од 8-7.