Дуото Нухиу – Каштањева со 6 гола ја водеше Уника до победа над А1

А1 3-8(1-4) Уника

А1: Јетон Рамани 17’ Иле Никодиновски 22’ Тановски Александар 39’
Уника: Арбен Нухиу 2’ 15’ 28’ Тимотеј Нешовски 15’ Љуљзим Каштањева 19’ 31’ 40’ Васко Кокаловски 27’

Во последниот натпревар од денешниот ден силите ги одмерија екипите на А1 и Уника. Екипата на Уника прва дојде до водство во 2та минута преку погодокот на Арбен Нухиу, ова рано водство и даде дополнителен мотив да заиграат поагресивно и да не му дадат простор на А1 да постави против игра. Кај екипата на А1 беше вочлива долгата клупа но се чинеше дека им фали воиграност без која нема да можат да ја играа својата препознатлива игра. На полувремето екипата на Уника замина со предност од 3 гола и резултат од 1-4. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам кај Уника проработе двеоцот Нухиу Каштањева кој заедно потигна дури 6 гола. А1 немаше решение за вечерва расположената Уника па го загуби овој натпревар со 3-8.