Дуото Петковски – Тахир ја водеше Халк Банка до победа над Bestway Solution

Халк Банка 5-1(3-0) Bestway Solution
Халк Банка: Алпер Тахир 9” 14”, Дејан Петковски 6” 22” 40”
Bestway Solution: Марко Неделковски 23”

Натпреварот помеѓу екипите на Халк банка и Bestway Solution прва го отвори екипата на Халк Банка преку Петковски 6” со што дојде до водство од 1-0. Екипата на Bestway Solution натпреварот го играше во скратен состав па одсуството на ротација во делот на нападот и недостатокот на помошта од клупата беше евидентна. Во ваквата поставеност екипата на Халк Банка успеа да дојде до водство од 3-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме уште на самиот старт Bestway Solution преку Неделковски успеа да ја намали негативата и се обиде да фати резултатски приклучок, но екипата на Халк Банка продолжи да игра во висок ритам и со чести измени не дозволи да ја изгуби предноста од првото полувреме па накрајот славеше со резултат од 5-1.