Дуото Рамадани – Алими го водеше LC Waikiki до победа над ЈСП

ЈСП 9-11(4-4) LC Waikiki

ЈСП: Филип Колеќески 4’ 10’ 19’ 25’ 29’ 29’ 35’ Филип Димовски 30’ Дарко Најдоски 18’
LC Waikiki: Бесим Реџепи 40’ Енгин Алими 11’ 14’ 23’ 29’ 37’ Џемаил Рамадани 20’ 20’ 26’ 27’ Мустафа Мустафа 21’

Одличен почеток за екипата на ЈСП во дуелот со LC Waikiki, тие од самиот старт притиснаа кон противничкиот гол што им донесе рана предност во 4та минута од полувремето и водство од 1-0. Екипата на ЈСП продолжи со одлична игра па во 10та минута го зголеми водството на 2-0, по оваа негатива екипата на LC Waikiki ги консолидира своите редови па преку два погодоци на Алими успеа да дојде до израмнување на резултатот до 14та минута од полувремето. Во финишот од полувремето на двете страни се случи вистинска канонада па двете екипи постигнаа по два гола за резултат од 4-4 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со отворен фудбал и на двете страни се играше со голман играч и се настојуваше да се дојде до играч плус во делот на нападот. Ниту една од двете екипи не успеа резултатски да се одвои, се играше гол за гол се до замиот финиш кога екипата на LC Waikiki искористи неколку погрешни додавања кај ЈСП и преку контра напади успеа да ги преточи во гол. Ова беше клучно за победата на LC Waikiki над екипата на ЈСП со конечен резултат од 9-11.