ЈСП 4-12(1-4) Макпетрол
ЈСП: Тихо Фидановски 4” 40”, Љупчо Павловиќ 24”, Мартин Ливрински 33”
Макпетрол: Никола Секулоски 7” 25” 35” 38”, Мишо Ѓоргоевски 9” 14” 15” 29” 34”, Горан Новаковски 21” 31”, Баже Тодоровски 28”
Во полн ритам започна натпреварот помеѓу екипите на ЈСП и Макпетрол. И двете екипи настапија мошне мотивирано уште од самиот старт со брзи проигрувања кои и на двете екипи им овозможија бројни обиди кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на ЈСП преку Фидановски 4” кој по брз контра напад и донесе водство на својата екипа од 1-0. По овој продор на ЈСП, екипата на Макептрол ги консолидира своите редови и сва два последувателни погодоци во реализација на дуото Секулоски 7” – Ѓоргиевски 9” не само што израмни туку и го сврти текот на овој натпревар во своја полза со резултат 1-2. Ова ја натера екипата на ЈСП да притисне во предно поле што ја ослабе одбранбената линија, па ваквата поставеност ја искористи Макептрол за до 15-та минута преку Ѓоргиевски да го дуплира водството на 1-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи во ист ритам, имаше одлична реализација и од минута во минута го зголемуваше водството. Тренерот на ЈСП Давор Калиноски со чести измени се обидуваше да најде противигра за вечерва расположениот Макпетрол. Но Макпетрол не дозволи изненадување, остана константен во играта и на крајот славеше со 4-12.