Дуото Стојановски – Дамевски ја водеше Халк Банка до победа над DHL

Халк Банка 8-5(4-1) DHL

Халк Банка: Дарко Крстевски 38’ Мартин Дамевски 11’ 26’ 39’ Игор Стојановски 5’ 8’ 14’ 29’ 37’
DHL: Иван Алексовски 15’ 32’ 33’ Мартин Каревски 22’ 36’

Екипата на Халк Банка доста мотивирано влезе во дуелот со DHL, уште на самиот играа организиран фудбал со кој преку долги напади успеваа да дојдат до изгледни шанси за гол. Екипата на DHL не можеше да најде против игра за ваквата поставеност на Халк Банка која во своите редови го имаше расположениот Игор Стојановски кој колективната игра успеваше да ја претвори во гол па на полувремето Халк Банка замина со предност од 3 гола резултат 4-1. Во второто полувреме Халк Банка од минута во минута го зголемуваше водството кое во еден момент изнесуваше 7-1. Екипата на DHL успеа целосно да ги консолидира своите редови и со 3 гола во низа го врати жарот во натпреварот. При резултат од 7-4 екипата на Халк Банка по груб старт остана со играч помалце што DHL го искористи за да дојде до негатива од само два гола 7-5, но екипата на Халк Банка го имаше во своите редови расположените Мартин Дамевски и Игор Стојановски кој продолжи со одлична реализација и го зголеми водството. Во самата завршница екипата на DHL се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа не им успеа па го загубија овој натпревар со 10-5.