ЕВН немаше доволно сили за пресврт во дуелот со УНИКА

ЕВН 5-6(1-6) УНИКА

ЕВН: Томи Илиевски 39’ Дарко Стоилевски 33’ 34’ Вилијам Митев 32’ Наум Бадаловски 6’
УНИКА: Арбен Нухиу 3’ 31’ Алтин Цури 13’ Аднан Лимани 14’ 30’ Беким Љута 14’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕВН и УНИКА, од самиот старт на полувремето двете екипи почнаа со отворен и офанзивен фудбал. Ваквата отворена игра донесе погодоци во раната фаза на натпреварот екипата на УНИКА преку Нухиу го отвори резултатот уште во 3та минута. По ова следуваше одговор на екипата на ЕВН која преку Бадаловски успеа да дојде до израмнување од 1-1 во 6та минута. Екипата на УНИКА во остатокот од полувремето го подигна темпото на игра и успеа да ги искористи грешките во одбраната на ЕВН за доаѓање до повторно водство, а потоа да дојде и до солидна предност од 1-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжи со одличната игра и успеа да го зголеми водството на 1-6. Екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше предноста на УНИКА за до 38та минута од натпреварот да дојде до само еден гол негатива од 5-6 и да го направи финишот на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на УНИКА успеа да го издржи притисокот на ЕВН и да слави во овој натпревар со 5-6.