ЈП Дрисла 3-6(2-2) ЕВН
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 13’ Расим Исмани 15’ Рдиван Демири 25’
ЕВН: Томи Илиевски 18’ 36’ Бојан Симоновски 27’ Дарко Стоилевски 7’ Вилијам Митев 21’ Ајет Новобрдалија 28’
Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈП Дрисла и ЕВН. Бевме сведоци на крајно неизвесно и динамично прво полувреме и двете екипи играа израмнет фудбал со цврста одбрана. Прва до водство дојде екипата на ЕВН преку Стоилевски кој во 7та минута и донесе предност на својата екипа од 1-0, но набрзо потоа екипата на ЈП Дрсла успеа да израмни преку погодокот на Стојановски. Екипата на ЈП Дрисла успеа релизира одлично изработен контра напад но ЕВН не го изгуби тлото под нозете и во финишот од полувремето преку Илиевски израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН заигра доста посмирено и поорганизирано во нападот, тренерот Драги Стојанов постави добра тактика пред се во делот на нападот каде што преку брзи поигрувања успеаваа да стекнат играч плус. Со вака поставена игра екипата на ЕВН од минута во минута го зголемуваше водството кое им донесе победа во овој дуел со 3-6.