ЕВН 7-2(2-0) Пивара Скопје
ЕВН: Бојан Симоновски 38’ Дарко Стоилевски 19’ 28’ Вилијам Митев 21’ Бојан Тодоровски 12’ 25’ 33’
Пивара Скопје: Александар Божиков 29’ Горан Гудевски 40’
Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Пивара Скопје, во стартот на првото полувреме двете екипи вледоа претпазливо и со игра на средината на тренот ја тестираа силата на противникот по паузата од зимскиот дел. Во вториот дел на полувремето екипата на ЕВН го подигна темпото на игра и со притисок кон противничкиот гол успеа да стигне до предност од 1-0 во 12та минута од полувремето. Екипата на Пивара Скопје се обидуваше со брзи котра напади да ја изненади одбраната на ЕВН но тие ја имаа контролата врз топката па во 19та минута успеаа да дојдат до водство од 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одлична игра пред се во делот на нападот каде што имаше одлична поврзаност и реализација. Кај Пивара Скопје беше видлив недостатокот на играчи па со скратен состав и кратка клупа не можеа да фатат ритам во ваквото пеколно темпо кое го наметна екипата на ЕВН па го загубија овој натпревар со 7-2.