ЕВН 8-4(3-3) ЈСП
ЕВН: Бојан Симоновски 28’ Дарко Стоилевски 27’ Вилијам Митев 39’ Ајет Новобрдалија 5’ 7’ Наум Бадаловски 38’ Бојан Тодоровски 11’ 23’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 15’ 17’ Филип Димовски 14’ 34’
Осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и ЈСП. Екипата на ЕВН имаше одличен почеток во овој натпревар и во 5та минута од полувремето преку погодокот на Новобрдалија го отвори резултатот и поведе со 1-0. Овој одличен почеток им даде ветер во грб да продолжат со брза и офанзивна игра па до 11та минута од полувремето успеаа да дојдат до солидно водство од 3-0. Екипата на ЈСП по оваа негатива свика тајм аут ги консолидира своите редови и до 15та минута од натпреварот со погодоците на Павловиќ и Димовски дојде до само еден гол негатива на 3-2. До крајот на полувремето екипата на ЈСП продолжи со притисокот кон голот на ЕВН и во финишот од полувремето дојде до рзрамнување од 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со притисок кон голот на ЕВН но во ваквата отворена игра остави дупка во одбраната која ЕВН вешто ја искористи за повторно водство во овој натпревар со 4-3. Во продолжението двете екипи играа на раб на фаул со цврста игра и борба за топка на по целиот терен. Во ваквата игра екипата на ЕВН имаше подобра реализација и створи доволна разлика за екипата на ЈСП да не може да направи нешто повеќе. Екипата на ЕВН славеше со 8-4.