ЕВН со цврста одбрана и брзи контри до победа над А!

ЕВН 4-1(2-0) А1

ЕВН: Дарко Сроилевски 2’ 12’ Ајет Новобрдалија 40’ Наум Бадаловски 34’
А1: Дарко Димитриевски 30’

Тринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и А1. Екипата на ЕВН имаше одличен старт во дуелот со А1 и уште во втората минута успеа да дојде до водство од 1-0. Екипата на А1 имаше одлична шанса со белата точка да го израмни резултатот но голманот на ЕВН одлично се покажа на голот и не дозволи изненадување. Во втората половина на полувремето екипата на А1 се обидуваше со удари од далечина да го изненади противникот, но ЕВН го имаше затворено пристапот до нивниот гол и со контра напад во 12та минута успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со офанзивна игра што и донесе намалување на водството на 2-1 во 30та минута од натпреварот. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН го издржа притисокот на А1 и преку контра напади го зголеми водството и дојде до сигурна победа од 4-1.