Денес во 19 часот во С.Ц. Борис Трајковски (сала за прес) се одржа пресконференција по повод стартот на новата сезона во Бизнис Лигата.
На истата беа презентирани компаниите учеснички, системот на натпреварување, стартот на сезоната и новитетите кои од оваа година ќе бидат имплементирани во лигата.
Стартот на лигата е закажан за 12.10.2021 година (вторник). Лигата ќе се одигра во две етапи и тоа есенски (10 кола) и пролетен дел (9 кола + завршен турнир).
Компании учеснички оваа година се:
А1
Гранит
Матрикс
Ван Хоол
ЕЛЕМ
ЕВН
Лукоил
Спорт Лајф
ЈП Водовод
ЈП Дрисла
Уни Банка
Рамстор
ЈСП
Џојсон Сејфти Системи
Фабрика Карпош – ГИМ
Темато
Шпаркасе Банка
С.Ц. Борис Трајковски
Пивара А.Д. Скопје
Џонсон Мети
Проект менаџерите на Бизнис Лигата им посакаа на сите учесници преку фер плеј игра, добро дружење и забава да победи подобриот.