Интертек 4-10(1-4) Матрикс
Интертек: Игор Гиноски 30’ Александар Михајловски 8’ 39’ Димитар Димишков 27’
Матрикс: Мирко Богевски 24’ 30’ 40’ Ивица Алампиоски 2’ 2’ 26’ 32’ Тони Брањерчевски 11’ 28’ Дејан Нешиќ 7’
Екипата на Матрикс во дуелот со Интертек влезе со нешто поразличен состав од вообичаениот, Интертек уште на самиот старт играше дисциплинирано со добро поставена игра во делот на нападот. Матрикс иако во скратен состав потрен на своето долгогодишно искуство знаеше да ја дозира формата и во прав момент да поентира. Првото полувреме му припадна на Матрикс кој имаше предност од 3 гола и резултат од 1-4. Во второто полувреме Матрикс продолжи со иста игра која ја имаше поставено во првиот преиод без големи техничко тактички осцилации. Екипата на Интертек се обиде со чести замени да одржи висок ритам во играта пред се во делот на нападот, но искусниот Матрикс не дозволи да го исшушти водството кое го доби во првото полувреме па го доби овој натпревар со 4-10.