Искуството на ЈСП пресудно во дуелот со НЛБ Банка

НЛБ Банка 2-8(0-5) ЈСП

НЛБ Банка: Дарко Налоски 31’, Милош Денковски 36’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 2’ 19’, Филип Колеќески 4’, Филип Димовски 11’ 20’ 34’, Васко Мирчевски 29’, Сашо Гергиев 40

Екипата на ЈСП во дуелот со НЛБ Банка влезе мошне мотивирано и со максимално сериозен пристап уште од самиот старт. Цврстата одбрана која ја играше по целиот терен и овозможи преку контра напади да доаѓа до изгледни шанси за гол. Во раната фаза на натпреварот преку Павловиќ и Колеќески стигнаа до водство од 0-2. На оваа добра реализација се приклучи и Димовски по што на полувремето се отиде со резултат од 0-5.
Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка успеа да ги консолидира својте редови и резултатски да се приближи, но искуството на ЈСП не дозволи пресврт, успеа да го задржи водството од првото полувреме и да дојде до победа од 2-8