Леар го искористи падот во концетрацијата на Пивара Скопје за победа во овој дуел

Пивара Скопје 2-8(0-1) Леар

Пивара Скопје: Делчо Кировски 33’ Александар Алексов 24’
Леар: Робертино Златевски 29’ Марјан Ѓорѓески 34’ Благојче Симјановски 38’ Борче Јовановски 17’ 30’ 31’ Стефан Златевски 21’ Александар Симјановски 39’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пивара Скопје и Леар, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра со акцент ставен на цврстата одбрана. Екипите на Пивара Скопје и Леар преку контра напади се обидуваа да го изненадат противничкиот голман но одбраните на тимовите денес беа на ниво на задачата па од таму и малкуте погодоци во полувремето. По засилуванје на темпото на игра и константен притисок во 17та минута од полувремето екипата на Леар кончно успеа да ја скрши одбраната на Пивара Скопје и да поведе со 0-1 со погодокот на Јовановски. До крајот на полувремето екипата на Леар продолжи со притисокот но не беше успешна во нападот па на паузата се замина со 0-1. На самиот старт од првото полувреме екипата на Леар го зголеми водството со погодокот на Златев, но екипата на Пивара Скопје успеа за некоја минута да возврати со голот на Алексов и да намали на 1-2. Сепак екипата на Леар продолжи со одлична игра и успеа да створи резултатска предност. Кај екипата на Пивара Скопје во второто полувреме се почуствува одромен пад на концентрација што екипата на Леар го искористи за преку брзи контри да створи предност за сигурна победа од 2-8.