Леар со брзи контра-напади до бодовите над Џонсон Мети

Леар 6-2(3-2) Џонсон Мети

Леар: Робертино Златевски 5’ Благојче Симјановски 39’ Драган Ѓорѓиевски 8’ Борче Ристевски 36’ Петар Стојковски 4’ Зоран Коцевски 35’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 3’ Христијан Стојановски 20ќ

Динамично прво одиграа екипите на Леар и Џонсон Мети, двете екипи од самиот старт започнаа со брза и отворена игра. Екипата на Џонсон Мети уште во 3та минута од полувремето преку Стојановски успеа да поведе со 0-1, но екипата на Леар успеа да веќе во следната минута со погодокот на Стојковски да го израмни резултатот а преку Златевски во 5та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Во продолжнието екипата на Леар продолжи со одлична игра и зголемување на водството. Кај екипата на Џонсон Мети во ова прво полувреме иако имаше одлични шанси недостасуваше силна завршница па на паузата замина со негатива од 3-2. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети започна со силен притисок кон голот на противникот но со ваквата игра заборави на одбраната што Леар вешто го искористи за преку брзи контра напади да го зголемува водството. Во финишот од натпреварот екипата на Џонсон Мети се обиде со голман играч резултатски да се врати, но Леар одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување па на крајот славеше со 6-2.