Матрикс 1-2(0-0) ЈСП
Матрикс: Виктор Петровски 21’
ЈСП: мартин Ливрински 27’ 37’
Цврсто и израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и ЈСП, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Играта се одвиваше главно на средината на теренот со точни подавања од каде екипите се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол и брза реализација. Како одминуваше времето екипите започнаа се повеќе да ги користат своите голмани како голман играч со цел да дојдат до вишок во нападот и подобра шанса за гол. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа резултаски да се одвои па на пазуата се замина со 0-0. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра двете екипи го подигаа темпото на игра, екипата на Матрикс прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Петровски во 21та минута. По оваа негатива екипата на ЈСП ја зацврсти одбраната и со брзи контра напади се почесто се закануваше кон голот на Матрикс. Тие успеаа преку расположениот Ливирнски да дојдат до израмнување, а потоа и до целосен резултатски пресврт. Ваквата израмнета игра ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ЈСП успеа да ја сочува предноста и на крајот да слави со 1-2.