Лукоил 8-4(3-1) Окта
Лукоил: Александар Георгиевски 22’ Иван Стојчев 17’ Гоце Мојсовски 38’ Лоренцо Николовски 27’ Петар Лефков 2’ 18’ 35’ 36’
Окта: Тино Трајковски 9’ 27’ Живко Котевски 36’ Александар Јовчевски 22’
Навташкото дерби ова коло го одиграа екипите на Лукоил и Окта. Во првото полувреме двете екипи влегоа доста мотивирано, на двете страни се играше практично со голмани играч. Во ваквата игра нападот беше главна стратегија на двете екипи, екипата на Окта во овој натпревар влезе со ослабен состав Лукоил со чести измени и висок ритам на игра успеа да го искористи ова и на полувремето замина со предност од 3-1. Во второто полувреме двете екипи играа доста отворен фудбал, се играа напади со доста проигрувања и добро осмислени акции кои им дозволуваа на екипите да дојдат до отворена шанса за гол. И на двете страни оваа стратегија вроди со плод и кај двете екипи следеа голови во низа, но Лукоил успеа да ја сочува предноста од полувремето и во мирна завршница да дојде до победа во овој натпревар со 8-4.