Лукоил 7-1(3-0) Уни Банка
Лукоил: Анѓелчо Арсов 39’ Антонио Фенов 19’ Иван Стојчев 11’ 20’ Александар Стоилов 28’ Горан Стојанов 29’ 31’
Уни Банка: Кристијан Смилевски 38’
Екипата на Лукоил свесна дека со оваа победа станува есенски шампион во натпреварот влезе мошне мотивирано уште на самиот старт од натпреварот. Екипата на Уни Банка се обиде со притисок во предно поле и пресинг игра да не му дозволи на Лукоил да го наметне својот препознатлив ритам. Во тие моменти голманот на Лукоил Цветковски ја смири играта и успеа како голман играч да ги постави играчите и преку контролиран напад да му донесе резултатска предност на Лукоил, во самиот финиш од полувремето по груб старт и двете екипи останаа со играч помалце и ваквата ситуција Лукоил успеа да ја претвори во гол разлика па на полувремето да замине со предност од 3-0. Во второто полувреме Лукоил продолжи со одлична игра со што целосно го скрши отпорот на Уни Банка па славеше со убедлива победа од 7-1.