ЈП Водовод 4-12(3-5) Лукоил
ЈП Водовод: Јакуп Зекири 6’ 36’ Стојанче Ивановски 5’ 7’
Лукоил: Мустафи Зејнула 13’ 37’ Горан Стојанов 6’ 25’ 26’ 40’ 40’ 40’ Иван Стојчев 5’ 9’ 18’ Гоце Мојсоски 36’
Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЈП Водовод и Лукоил, уште од самиот старт на натпреварот двете екипи настапија со офанзивна игра. Екипата на ЈП Водовд го отвори резултатот со погодок во 5та минута, но екипата на Лукоил одма успеа да возврати и да го израмни резултатот. Екипата на ЈП Водовод успеваше да дојде до водство но Лукоил одма го израмнуваше резултатот се до 12та минута кога екипата на Лукоил дојде до резултатски пресврт и победе со 3-4. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ја одржа резултатската предност и го зголеми водството на 3-5 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на ЈП Водовод во неколку наврати притисна кон голот на Лукоил но одбраната беше на висина на задачата. Во финишот од натпреварот се активираше Стојанов и на својата екипа и донесе сигурна победа од 4-12.