Лукоил со победа над ЕВН ја отвори 11та сезона на Бизнис Лига

ЕВН 1-6(0-2) Лукоил

ЕВН: Виктор Валканчев 31’
Лукоил: Лоренцо Николовски 24’ 25’ 36’ Маријан Цветковски 14’ Анѓелчо Арсов 30’ Иван Стојановски 12’

Во отварањето на 11та сезона на Бизнис Лигата на Македонија започна со дуелот помѓу ЕВН и Лукоил
Двете екипи го започнаа натпреварот дефанзивно и со посебен акцент на одбраната и обидувајќи се со брзи контра напади да дојдат до изгледна шанса за гол. Прва до водство дојде екипата на Лукоил во 12та минута преку погодокот на Иван Стојчев, а потоа преку голманот Цветковски успеа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето екипата на ЕВН не успеа резултатски да се приближи. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлично темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое до 30та минута изнесуваше 0-5. Екипата на ЕВН успеа во 31та минута да постигне гол и да ја намали разликата, но веќе беше јасно дека екипата на Лукоил со расположениот Лоренцо Николовски ја има осигурано победата во овој натпревар.