Лукоил со сигурна игра до победа над LC Waikiki

LC Waikiki 3-14(1-4) Лукоил

LC Waikiki: Адмир Халилович 7’ Фуркан Фетаи 39’ Џемаил Рамадани 40’
Лукоил: Андреј Симоновски 5’ Петар Лефков 8’ 13’ 26’ Иван Стојчев 18’ 36’ Лоренцо Николовски 21’ 28’ 35’ Горан Стојанов 23’ 24’ 25’ 25’ Александар Георгиевски 34’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и LC Waikiki. Прва до водство дојде екипата на Лукоил во 5та минута од полувремето со погодокот на Симоновски, екипата на LC Waikiki имаше брз одговор и само две минути подоцна со погодокот на Халилович успеа да израмни на 1-1. По овие воведни погодоци екипата на Лукоил ја превзема иницијативата и преку одлични погодоци на Лефков и Стојчев успеа да дојде до предност од 1-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, кај екипата на LC Waikiki беше очигледна кратката клупа па во ова второ полувреме опадна темпото на игра. Ова го искористи Лукоил за сигурна победа со резултат до 3-14.