Лукоил 10-5(5-1) Аптив
Лукоил: Петар Лефков 16’ 18’ 25’ 25’ 35’ Лоренцо Николовски 9’ Гоце Мојсоски 22’ 30’ Иван Стојчев 4’ Горан Стојанов 9’
Аптив: Иле Трајковски 33’ Дамјан Хрдличка 37’ 40’ Марјан Тодоровски 39’ Владимир Јовановски 13’
Последниот натпревар во 12то коло од Бизнис Лигата на Македонија го одиграа екипите на Аптив и Лукоил. Екипата на Лукоил максимално мотивирано и со полн елан влезе во натпреварот, уште на самиот старт наметна висок ритам со притисок во предно поле со што не му дозволи на Аптив да има течнос во нападот како би можеле да дојдат до отворени шанси за гол. Со ваквата игра Лукоил успеа да обезбеди предност во првото полувреме од 5-1. Во второто полувреме екипата на Аптив се обидуваше техничко тактички замисли да се врати во натпреварот, но екипата на Лукоил потпирајќи се на своето искуство и пред се на долгата клупа што им овозможи чести ротации со кои ја одржуваа предноста и да го добијат овој натпревар со 10-5.