Макпетрол со сигурна игра до победа над А1

Макпетрол 4-1(2-0) А1

Макпетрол: Бенер Бекиовски 20’ 23’ Марко Костенцовски 19’ Синиша Танушевски 29’
А1: Јовица Наумовски 27’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и акцент ставен на добрата одбрана. Екипата на Макпетрол повеќе притискаше кон голот на А1, но тие одлично ја поставија својата одбрана и со одлични интервенции на голманот Јанакиевски ја одржуваше неизвесноста во натпреварот. Во самата завршница на полувремето екипата на Макпетрол успеа да ја скрши одбраната на А1 и со два брзи погодоци на Костенцовски и Бекиовски да створи предност од 2-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одличната игра и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на А1 успеа да ја намали разликата со погодокот на Наумовски, но Макпетрол ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот славеше со резултат од 4-1.