Матрикс ги спроведе тактичките замисли и дојде до победа над А1

Матрикс 8-1(3-0) А1

Матрикс: Даниел Боневски 4”, Виктор Петровски 6” 22” 36”, Ивица Амапијоски 9” 29”, Предраг Стојмировиќ 27” 40”
А1: Оливер Димановски 40”

Екипата на Матрикс мошне мотивирано влезе во дуелот со А1. Со притисок во предно поле успеваше да дојде до изгледни шанси за гол. Екипата на А1 се обидуваше со чести замени да одржи темпо во играта но Матрикс имаше одлична реализација и успеа на полувремето да замине со водство од 3-0.

Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со константно добра игра. Голманот на А1 беше на ниво на задачата обидувајќи се да ги спречи отворените шутеви кон голот но Матрикс со колективна игра успеваше да изнајде решенија кои тешко се бранеа па од минута во минута го зголемуваше водството кој на крајот изнесуваше високи 8-1.